Германската економија со пад од 2,2% во првиот квартал поради коронавирусот

од Vladimir Zorba

Германската економија опадна за 2,2 проценти во првиот квартал од оваа година во однос на истиот период во 2019 година во услови на глобален пад на економската активност поврзана со пандемијата од коронавирусот.

Германското федерално биро за статистика соопшти денеска дека ова е најголем квартален економски пад од светската финансиска криза од 2008-2009 година.

Податоците покажуваат дека приватната потрошувачка и извозот се најтешко погодени. Инвестициите во секторот инженеринг, градежништво и јавни расходи помогнаа да се избегне голем економски пад.

Со оглед на тоа што германската економија забележа пад од 0,1 процент во последниот квартал од 2019 година, земјата влезе во таканаречената техничка рецесија, кога два последователни квартали се негативни.

Слични содржини