
Само две седмици по ужасната вест која пристигна од Турција за убиството на петгодишното дете, задавено од неговиот татко, 32-годишниот фудбалер Чевхер Токташ, светските медиуми дознаа дека друг спортист таму извршил грозоморно злосторство.
Во неделата наутро во Мугла, боксерот Селим Ахмет Кемалоглу (26) ја избодел до смрт една година помладата девојка Зејнеп Шенпинар, но сè уште нема официјални информации што претходело на кавгата и одлуката на Кемалоглу да ја прободе девојката во градите.
„Хуриет“ пренесува дека за време на кавгата е повреден и Кемалоглу, кој бил придружуван од полицијата во единицата за интензивна нега, каде во наредните часови е утврдено дека неговите повреди не биле од таква природа што ќе му го загрози животот.
Други повреди, исто така, се пронајдени и кај несреќната девојка, вклучувајќи повреди на вратот, а порталот „Созчу“ денеска наутро соопшти дека причина за трагедијата е најверојатно нејзината желба за врската да заврши.
Порталот дошол до овој заклучок благодарение на преписката на платформата WhatsApp, но сепак ќе треба да се почека полицијата да ги утврди околностите и да го каже последниот збор.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=72&v=Vr-jTOFE-MI&feature=emb_title