„Сакам да имаме избори и оваа тригодишна пандемија на СДСМ и Зоран Заев да замине. Само така можеме да ја победиме оваа пандемија, на избори“, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Клан телевизијата.
Тој запрашан што ќе се случи доколку СДСМ одлучи изборите да бидат во јуни, Мицкоски не одговори прецизно и одговори дека се е можно.
„Вакво неодговорно однесување не можам да го разберам. Доколку еднострано одлучат да одат на избори во јуни, им посакувам среќа. Би се задржал на овој одговор. Се е можно“, вели Мицкоски.
Во однос на тоа дали очекува продолжување на вонредната состојба, тој додава дека нема човек од опозицијата во Комисијата за заразни болести и дека не знае што ќе се случи.
„Не знам каква одлука ќе донесе Пендаровски“, вели Мицкоски.