Некој подолг период пред операција се подготвува и тимот и пациентот, а корона вирусот не беше проблем за премиерната трансплантација на срце, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, доктор Сашко Јовев, шеф на тимот кој направи прва трансплантација на срце во Македонија.
-Може да се каже дека секоја операција е уникатна. А трансплантацијата на органи е една од оние кои редовно и успешно се извршуваат во светот. Во светот нема многу донори, а неопходни се органи, особено срце. За да се дојде до операцијата, треба многу години припремање. Не е едноставно да се држи тимот во кондиција, но на крајот кога ќе видиме зошто толку време се држиме во кондиција, тогаш се е јасно. Пациенти има многу, многу од нив на листата на чекање и тие се припремаат во целиот тој период. Прво се подготвува тимот за деталите. Пациентите се спремни. Има неколку работи за кои се дискутира со Министерството за здравство како и координаторот за трансплантација, за пациентите кои се кандидати да бидат испитани за се она што е потребно…да дефинираме дали пациентот навистина заслужува орган, дали би бил повисоко на листата според критичноста и дали задоволува дополнителни услови како малигни заболувања, дуријабилност на телото, некоја болест и слични. Во тој смисол, сите пациенти се проверуваат, објасни Јовев.
Тимот кој Јовев го водеше, бил известен за форматот, два-три часа пред операцијата, но како што вели Јовев, сите тие се дел од синџирот.
-Има тим кој ќе го експлантира тоа срце, тим кој ќе го имплантира, тим кој подоцна ќе го мониторира тоа срце постперативно, а сите се среќаваме со испреплетување на знаењата. Одредена личност го води тимот, но секој си има клучна улога. Оваа координација, беше очекувана и беше перфектна бидејќи се работи за искусни експерти, порача хирургот Јовев.