331
„На 25.05.2020 околу 20.30 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека во село Белица, Македонски Брод, во куќа сопственост на С.Т., З.К.(44) од Скопје, кој престојувал како гостин, со воздушна пушка на С.Т. испукал една дијабола кон метално буре во дворот, при што повредил шестгодишно девојче од Скопје, кое со нејзината мајка А.Ц., исто така, престојувала во куќата“ велат од МВР.
Според пријавеното, З.К. ја земал пушката без согласност и одобрение од С.Т.. Девојчето било пренесено во ЈЗУ-Македонски Брод за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод.
За настанот бил запознаен јавен обвинител.