Министерот за здравство Венко Филипче преку своето видео обраќање изјави дека пред нас има два избора за да се справиме со коронавирусот.

-Исправени сме пред два избора – да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки. Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање, вели Филипче.
https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2398837730423246