Заев: Потребни се избори во првиот можен термин, да го дочекаме новиот бран на коронавирусот подготвени

од Берта Китинска
146 прегледи

Нашата татковина има потреба од избори во првиот можен термин за да го дочекаме новиот бран на коронавирусот наесен целосно подготвени, објави денеска на Фејсбук лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– На граѓаните и на државата им требаат институции со целосен легитимитет за да создадат услови за новата нормалност, со полн капацитет да го заштитиме здравјето на граѓаните и да ја рестартираме македонската економија, наведува Заев во објавата, проследена со видео обраќање.

Слични содржини