До завршувањето на времените мерки продолжува да важи породилното отсуство

од Берта Китинска
278 прегледи

Министерството за здравство информира дека согласно уредбата со законска сила донесена од Владата на Република Северна Македонија, породилното отсуство продолжува да важи до завршување на времените мерки за справување со вирусот COVID-19, со цел да се обезбеди заштита и грижа на децата.

Секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба има право да продолжи да го користи породилното отсуство, а со тоа продолжува да го користи и надоместокот на плата.

Отсуството од работа на работничката поради бременост, раѓање и/или посвојување продолжува до завршување на времените мерки, а надоместокот на плата продолжува да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба..

Слични содржини