Најмногу заразени во Скопје, починатите се на возраст од 44 до 83 години

од Берта Китинска
159 прегледи

Во изминатите 24 часа регистрирани се 89 ново заразени од корона вирусот.

Во Скопје има 35 случаи, 27 од Штип, 12 од Куманово, 7 во Тетово и 4-ца во Кочани. По еден заразен има во Прилеп, Гостивар, Гевгелија, Струмица и Свети Николе.

Според податоците од Министерството за здравство, шестмина од починатите се регистрирани во ГОБ „8 септември“ , а еден на Клиниката за инфективни болести.

-Починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години, велат од Министерството за здравство.

 

 

Слични содржини