Нема шанси Пекинг да продолжи да купува стока од Соединетите држави кога трпи постојани напади од претседателот Доналд Трамп, јавуваат од Кина.

Кина им нареди на државните компании да престанат со купување на најважните американски земјоделски производи – соја и свинско месо, според две лица кои се запознаени со ситуацијата, пренесува Ројтерс.
Исто така, кинеската државна набавка на голема количина американски пченка и памук е ставена во мирување, рече еден од изворите, откако американскиот претседател Доналд Трамп во петокот се закани дека ќе го откаже специјалниот третман за Хонг Конг.
„Нема шанси Пекинг да купува стоки од Соединетите држави, кога сме под постојани напади од Трамп“, рече еден од изворите.
Кина исто така е подготвена да го запре увозот на други земјоделски производи од Соединетите држави, доколку Вашингтон продолжи да презема активности во врска со Хонг Конг, вели изворот.