Љубовен триаголник: Драгољуб Ајдиќ (52) ги усмртил Сафет (52) и Елдеза Синановиќ (46) на сред улица, по што самиот си пресудил со нож.
фото: Курир.рс
Драгољуб Ајдиќ (52) брутално ги убил својата љубовница Елдеза Синановиќ (46) и нејзиниот сопруг Сафет Синановиќ (52), по што тој се самоубил во местото Чардачиште кај Сурдулица.
Страшното злосторство, кое не се памети во овој град на југот на Србија, се случило вчера, а минувач ги пронашол трите тела на средина на улицата околу 01:45 часот.
Телата покрај автомобилот
„Се сомневаме дека Драгољуб го прегазил Сафет, кој одеше по улицата со сопругата Елдеза, во автомобил „Опел Зафира“. Таа скокнала на страна, а Драгољуб потоа излегол од автомобилот и ја заклал несреќната жена со ножот што го зел со себе. Потоа си го исекол грлото, со истиот нож“, објавија српските медиуми.
Минувачот кој ги нашол трите тела веднаш до автомобилот „Опел Зафира“ на почетокот мислел дека станува збор за сообраќајна несреќа.
„Телото на Сафет Синановиќ беше под автомобилот, додека неговата сопруга лежеше мртва во тревата покрај патот. Љубовникот на Елдеза, Драгољуб лежеше во локна крв среде улицата“, изјавил соговорникот.
Злосторството се случило недалеку од куќата во која живееле убиените сопружници, но и осомничениот за нивното убиство.