Справувајќи се со предизвиците наметнати од пандемијата на вирусот COVID-19 и водејќи се од својата заложба за општествена одговорност, денес се реализираше првата од серијата донации за здравствените институции од страна на компаниите, членки на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС).
Компанијата АПЕКС Македонија донираше болнички кревети во износ од 20.000 евра на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, со што значајно ќе се подобрат здравствените услови во клиниката.
Поддржувањето на здравствените институции во ситуација на здравствена криза придонесува кон полесно пребродување на одредени предизвици и создавање на хумани услови за пациентите. Она што не обедини беше нашето здравје, здравјето на нашите блиски, а преку тоа и здравјето на целото општество.
Циклусот донации на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија, чија вкупна сума изнесува 200.000,00 евра, продолжуваат во наредниот период, а ќе бидат донирани болнички кревети и дезинфикциони средства на други болници кои се вклучени во борбата против новиот коронавирус, COVID-19.