1,1K
Членката на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Академик Катица Ќулавкова на својот профил на Твитер објави порака, поврзана со ситуацијата со коронавирусот, кој беше оценет како националистички и шовинистички.
Таа денеска напиша „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“, очигледно алудирајќи на албанската етничка заедница. Твитот на Ќулавкова бил споделен 53 пати и „лајкнат“ 153, пред таа да го избрише.
Веднаш потоа таа објави: „Твитот е личен и нема никаква врска со меѓуетничката македонска ситуација.“
Твитот е личен и нема никаква врска со меѓуетничката македонска ситуација.
— Katica Kulavkova (@kkulavkova) June 6, 2020