
Во Франција бројот на смртни случаи од новиот вид коронавирус е зголемен на 29.155 лица.
Институтот за јавно здравје на Франција објави дека бројот на заразени во последните 24 часа е поголем за 343 и изнесува 153.977 лица.
Во болниците има 12.461 лица, од кои 1.053 се во одделенија за интензивна нега. Бројот на пациенти во единиците за интензивна нега продолжува да опаѓа.
Бројот на оздравени е поголем за 39 и изнесува 70.842 лица. Во изминатите 24 часа починаа 13 лица.
Ова е најнискиот дневен биланс на починати и заразени од 14 март.