Невидено невреме во Белград: Дожд го парализирал градот, водата по улиците носела се пред себе (видео)

од Nikola Popovski
268 прегледи

Силен дожд и град го погодиле Белград кратко време по 19 часот, со што го парализирале градот. Тоа бил втор налет на невреме денес.

Црни облаци се појавиле над градот и најпрво почнало да дува силен бурен ветер, по што започнало да паѓа силен дожд. Водата на улицата „Ваљевска“ буквално носела сè пред себе.

Имаше големи гужви и во населбата „Автокоманда“ и мостот „Газела“, како и на Бранковиот и Панчевскиот мост во двата правци.

Големо количество на вода, која не може да исече низ канализациските шахти имало и кај Маракана и на Баново брдо.