Хоти се пофали: Добив честитка од Меркел, Макрон ми даде голема поддршка

од Nikola Popovski
132 прегледи

Новиот премиер на Косово, Авдулах Хоти, изјавил денеска дека добил силна поддршка од Германија и Франција.

Хоти на Фејсбук напишал дека е „многу среќен да ги сподели“ честитките што ги добил од германската канцеларка Ангела Меркел, додавајќи дека таа „изразила подготвеност за понатамошна соработка и поддршка за Косово“.

Тој додал дека денес имал „пријатен телефонски разговор“ со Емануел Боне, дипломатски советник на францускиот претседател Емануел Макрон, на кого му „се заблагодарил“ за поддршката и подготвеноста на Франција за помош на Косово во евроатлантските интеграции.

Авдулах Хоти ја презеде функцијата премиер на Косово пред четири дена.

Тој пристигнал како косовски премиер од Демократската лига на Косово (ЛДК).