
Експерт за човекови права на Обединетите нации во вторникот предупреди на „распространети недостиг на храна и неисхранетост“ во Северна Кореја, а ситуацијата е влошена поради пет месеци долго затворање на границата со Кина и рестриктивните мерки против коронавирусот.
Томас Ојеа Квинтана, специјалниот известувач за човекови права за Северна Кореја, го повика Советот за безбедност на ОН „да ги разгледа санкциите“ наметнати на таа изолирана земја со цел да се обезбедат пратки со храна.
Северна Кореја доживеа недостиг на храна во средината на 90-тите години, за која се верува дека однесела до 3 милиони животи. Комунистичката азиска земја е единствената во светот што не пријавила случаи на заразени со коронавирус до Светската здравствена организација.
Но, пандемијата идонесе „драстични економски тешкотии“ на Северна Кореја, предупредува Ојеа Квинтана, повикувајќи се на пад на трговијата со соседна Кина за 90 проценти во март и април.
Тој додаде дека „изгледите за натамошно продлабочување на недостигот на храна и несигурност на храна се алармантни“.
„Има извештаи за зголемување на бројот на бездомници во поголемите градови, вклучително и деца, а цените на лековите драматично скокнаа. Се поголем број семејства јадат само два пати на ден или јадат само пченка, а некои гладуваат “, рече тој.