Гутереш повика на глобална борба против расизмот

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на глобална борба против расизмот и дискриминацијата по „убиствениот чин на полициска бруталност“ против Џорџ Флојд, што предизвика протести низ САД и во светот.

Гутереш во писмото до својот персонал рече дека „ставот на Обединетите нации за расизмот е кристално јасен: оваа ја крши Повелбата на Обединетите нации и ги уништува темелите на нашите основни вредности“.

Гутереш пишува дека приматот на разумот, толеранцијата и меѓусебната почит во светот сега е „драматично доведена во прашање од национализмот, ирационалноста, популизмот, ксенофобијата, расизмот, белата надмоќ и различните форми на неонацизам“.

Тој потенцира дека централниот проблем не е само полициската бруталност, туку „тешкотиите со кои се соочуваат многу власти во справувањето со различностите“, почнувајќи од т.н. профилирање.

Шефот на ОН ги повика сите полициски сили да бидат целосно обучени во областа на човековите права, додавајќи дека „во многу случаи, полициската бруталност е израз на незадоволство од полицијата кон самите себе, како и недостаток на психосоцијална поддршка за нив“, пренесе АП.