Ќе платат казна: Петмина велешани обвинети за непочитување на полицискиот час

од Берта Китинска
164 прегледи

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози за пет лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Полициски час

-Обвинителството на Судот му предложи на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Обвинетите, како што посочуваат од Обвинителството, биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Слични содржини