„Корона вирусот не ги бира луѓето по тоа дали работат во јавната администрација или се во приватен сектор. Во новото нормално за кое се подготвува целиот свет, мора да бидеме спремни дека вирусот ќе го има околу нас. Наша обврска е да се заштитиме себеси и своите најблиски со почитување на мерките на здравствените работници кои се еднакви секаде. Но, очигледно Невенка Стаменковска Стојковски продолжува да го користи вирусот за политички цели и да набројува институции со цел ширење на паника и надеж за добивање на политички поени“, реагира министерот Дамјан Манчевски.
„Кога веќе споменува во кои институции работат дел од позитивните случаи, се прашувам зошто заборава да го спомене МВР. И таму во повеќе наврати дел од вработените беа тестирани позитивни, помеѓу кои и советникот на техничкиот министер предложен од нејзината партија. Или оваа информација не им оди во прилог во матрицата на поделби којшто сакаат да ја наметнат во јавниот сектор.
Повторно апелирам да ја оставиме пандемијата со Корона вирусот надвор од политичките пресметки. Поделбите, лажните вести и ширењето на паника е само на наша штета. Никоја нема да добие ништо од тоа. Нашата борба е со вирусот Ковид-19 и само со почитување на мерките можеме да ги намалиме бројките на позитивни независно во која институција работат.