Ангеловска: По 14.500 денари помош компаниите ќе може да очекуваат уште еден месец

од Берта Китинска
260 прегледи

Владината мерка 14.500 што важеше за април и мај постои можност да важи и за јуни по истите критериуми. Предлог уредба е изготвена и таа треба да се разгледа на денешната владина седница, најави министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција.

Стопанствениците пак, притискаа тоа да биде барем уште најмалку два месеци, но Ангеловска вели дека согласно направените анализи е утврдено дека мерката треба да важи уште еден месец по истите услови како и до сега, односно за компаниите кои имаат намален приход од 30 проценти.

– Сега правиме анализи на изминатите два месеци и не очекуваме дека стопанството ќе се опорави преку ноќ. Овие мерки беа креирани за да се заштитат работните места, а сега полека очекуваме да се стабилизираат некои сектори. Токму поради тоа за нив во идниот период ќе требаат друг вид на мерки за да ја подобрат конкурентноста и така е креиран третиот сет на мерки – објасни Ангеловска.

Слични содржини