Скопјанецот Владимир Стојановски на Фејсбук објави сведошто за вистинска голгота по македонските болници низ која поминал негов близок роднина од Ресен, позитивен на Ковид 19.
Стојановски пишува дека матичниот лекар во Ресен имал несериозен однос и пристап кон актуелната пандемија.
-Да тргнам со ред да го истурам гневот на ова “здравство” и на оваа “држава” каде што наназад 30 години само со среќа се преживува!!!Понеделник 01.06, пациентот оди на работа како и секој друг нормален работен ден, го поминува денот нормално без симптоми. Во попладневните часови на 01.06 се јавуваат првите симптоми на “настинка”, покачена телесна температура, малаксаност, болки во зглобови и главоболка. Истото попладне на 01.06 пациентот се јавува кај матичниот доктор, ОТТУКА ПОЧНУВА ГОЛГОТАТА ДОДЕКА ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ТЕСТИРАЊЕ НА КОЕ НИЕ КАКО ФАМИЛИЈА ИНСИСТИРАВМЕ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК!!!, пишува Стојановски.
Во продолжение прочитајте го во целост неговиот Фејсбук статус:
ВИСТИНАТА И РЕАЛНОСТА ЗА ТОА ЗОШТО И КАКО РЕСЕН НЕМА "НИЕДЕН" заразен со коронавирусот!!!Статус со МНОГУ ГНЕВ, БЕС и…
Публикувахте от Vladimir Stojanovski в Сряда, 10 юни 2020 г.