Ковид -19 во Србија: 66 новозаразени, починало едно лице

од Nikola Popovski
139 прегледи

Во последните 24 часа во Србија, нови 66 лица се разболеле се заразиле со коронавирус, а активни се уште 432 случаи, што е за 15 помалку од претходниот ден.

Според податоците објавени на веб-страницата „covid19.rs“, уште едно лице починало од вчерашното пресек на починати и заразени, со што вкупниот број на смртни случаи се зголемил од почетокот на епидемијата на 251, додека стапката на смртност е сè уште 2,09 проценти.

Вкупниот број на позитивни надминал 12.000 и сега е 12.031.

Во последните 24 часа биле тестирани 5.015 лица, а од почетокот на епидемијата, вкупно 287.064 лица.

Од вкупниот број на пациенти, 14 од нив се на респиратор, што е еден помалку отколку во вторникот.