398
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.М.(21) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
На 20.05.2020, нејзиниот сопруг отишол во Германија, а пријавената ја запоставувала должноста за грижа и воспитување на децата, при што четири од своите малолетни деца ги оставила кај свекрвата, а најмалото деветмесечно бебе го оставила на патот на ул.„Поп Арсов Блаже“.