
Владата на Германија денеска објави дека добила официјално известување за планирано делумно повлекување на американските трупи стационирани во земјата.
„Федералната влада е известена дека американската администрација размислува да го намали присуството на американските вооружени сили во Германија“, изјави за новинарите во Берлин заменик-портпаролката на владата Улрике Демер.
„Колку што знаеме, не е донесена конечна одлука“, додаде таа.
Нејзината изјава следи по извештаите во медиумите дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил повлекување на до 15.000 од приближно 34.500 американски војници кои биле моментално распоредени во Германија.
Ниту Белата куќа, ниту НАТО не сакаат да ги коментираат тие извештаи.