
Бројот на смртни случаи поради новиот коронавирус во Бразил во последните 24 часа се зголеми за 1.274 на 39.680, се вели во извештајот на бразилското Министерство за здравство.
Во извештајот се наведува дека во Бразил биле потврдени 32.913 новозаразени со новиот вирус, што го зголемило вкупниот број заразени на 772.416. Според Министерството, досега се излечен 325.395 лица во Бразил.
Бразил, каде што беше потврден првиот случај на заразен со коронавирус на 26 февруари, е втора земја во светот кога станува збор за бројот на заразени, а трета по бројот на загинати.
Иако рекорден број на смртни случаи од „Ковид-19“ беа регистрирани во Сао Паоло втор ден по ред, градските власти дозволија отворање на продавниците.
Со 340 нови смртни случаи во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот во најнаселената држава Сао Паоло се искачи на 9.862, така што оваа сојузна единица го достигна 4-то место по бројот на жртви во Бразил.
Овие податоци не спречија многу граѓани да влезат во трговските центри и продавниците за да купат намирници. Други продавници, кои не се сметаат за витални продавници, се затворени уште од март.
Само потрошувачите кои носат заштитна маска и претходно се дезинфицираат со алкохол или антибактериски гел, можат да влезат во трговските простории. Трговските центри во Сао Паоло ќе бидат повторно отворени од утре, но само за четири часа на ден, а сличен тајминг е предвиден и за Рио де Жанеиро, вториот најзагрозен град на Бразил.
Ублажувањето на рестриктивните мерки е поддржано од екстремно десничарскиот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, кој уште од почетокот на пандемијата го минимизира проблемот со коронавирусот и ги игнорира сериозните предупредувања на медицинските експерти.