Пациентите многу доцна доаѓаат во болница: Над 30% од смртните случаи од Ковид 19 се веднаш по хоспитализацијата

од Берта Китинска
298 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче на вчерашната пре-конференција истакна дека не е загрозена работата на ниту една јавна здравствена установа во државата и дека болниците сè уште имаат капацитет да ги згрижат заболените.

Тој информира дека од понеделник медицински персонал од државата ќе се приклучи на тимовите во Градската општа болница „8 Септември“. Се работи за 10 лекари и исто толку медицински сестри.

Поради големиот број на новозаболени, се одложува за една недела нормализирањето на работата на клиниките, од претходно договореното.

Матичните лекари засега не се планирани во таргетираниот скрининг на одредени критични категории на пациенти за Ковид-19, но тие можеби ќе бидат опфатени подоцна, изјави вчера Филипче.

Над 30 проценти од смртните случаи се од првиот до петтиот ден од хоспитализацијата, што е доказ дека пациентите, за жал многу доцна доаѓаат во болница. Многу е тешко да се утврди причината.