Секој петти Бугарин смета дека Бил Гејтс е виновен за коронавирусот

од Nikola Popovski
290 прегледи

Секој петти Бугарин смета дека пандемијата на коронаирус е предизвикана од основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, со цел да се контролираат луѓето со чипови што ќе бидат всадени во телата на оние што ќе бидат вакцинирани против Ковид-19.

Ова го покажаа резултатите од истражувањето спроведено од Агенцијата „Тренд“ на барање на весникот „24 часа“.

Истражувањето покажало дека повеќе од 2,3 милиони Бугари сметаат дека вирусот е создаден вештачки, додека еден милион граѓани веруваат дека тој не постои и дека сè е светски заговор.

Гејтс стана водечка мета на теоритичарите на заговор за пандемијата на коронавирусот, особено откако ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да престане со американското финансирање на Светската здравствена организација (СЗО), неодамна објави „Волстрит журнал“.

https://www.instagram.com/p/B-moNMAAK49/

Основачот на „Мајкрософт“ неодамна објави видео на Инстаграм на кое се гледа како чита „Благодарам здравствени работници“ зад прозорецот, по што неговиот пост доби стотици илјади коментари во кои го обвинуваат за злосторства против човештвото и го поврзуваат со разни теории на заговор за можните вакцини, СЗО и имплантација на микрочипови кај луѓето.