Во завршна фаза првиот дел од изградбата на новиот булевар Босна и Херцеговина

од Берта Китинска
364 прегледи

Екипите на Град Скопје на терен со забрзана динамика изршуваат градежни активности и прават подготовки за асфалтирање на северниот дел од трасата на новиот булевар Босна и Херцеговина кон крајот на следната недела.

-Изградбата на првиот дел од новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина е на потегот од раскрсницата со булеварот Словенија и улицата Македонска косовска бригада, до раскрсницата со улиците Бутелска и Кемал Сејфула. Булеварот ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри и ќе има по 3 коловозни ленти во двата правца, 5 метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни, информираат од Град Скопје.

Слични содржини