Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ја одржа првата прес-конференција по паузата поради пандемијата од коронавирус.
Реал ќе се сретне со Еибар утре во 28-то коло од Ла Лига, а остануваат уште 11 натпревари до крајот на првенството. Шпанското првенство одамна не било толку интересно, е води Барселона, но второпласираниот Реал има само два бода помалку.
„Моите играчи знаат како е да се игра во последната серија мечеви во сезоната. Затоа подготовката е важна, а ние добро се подготвивме. Подготвени сме и сега треба да го докажеме тоа на теренот. Среќни сме што ќе играме повторно. Работевме многу добро физички, подготвени сме. Ние сме на два бода зад Барселона и имаме уште 11 финалиња. Ќе дадеме се од себе за да ја освоиме титулата “, изјави Зидан.
До крајот на сезоната натпреварите во Ла Лига ќе се играат без гледачи, иако постои можност да се овозможи да се пополни 30% од капацитетот на стадионот.
„Претпочитам да играм пред публика. Нема да има публика во моментот. Подоцна ќе видиме дали тоа ќе се промени“, рече Зидан, цитиран од „Марка“.