
Бројот на починати од Ковид-19 во Италија се зголеми за 78 денес, според веб-страницата на „Worldometer“. Бројот на заразени лица е зголемен за 346 во последните 24 часа.
Од почетокот на епидемијата во Италија досега загинаа вкупно 34.301 луѓе, а заразени се 236.651. Излечени се 174.865, повеќе од половина.
Црниот биланс во оваа земја е еден од најлошите во Европа, Италија е на четвртото место по бројот на загинати, зад САД, Велика Британија и Бразил.
Денешните податоци, кои не се разликуваат многу од последните две недели, каде што просечниот број на жртви за 24 часа е околу 80, дополнително ја збуни јавноста.
Имено, бројот на загинати не е целосно јасен, со оглед на фактот дека централниот регион на Италија, во околината главниот град Рим, тврди дека само два од 25-те смртни случаи пријавени денес се случиле во последните 24 часа: Ако ова е точно, тогаш бројот на загинати денес е 55.
Целиот свет е збунет од ситуацијата во Италија, не само поради последниот пресек. Епидемија избувна во оваа земја меѓу првите во Европа, до неодамна тие имаа најмногу смртни случаи, а дури и по пет месеци податоците покажуваат дека тие воопшто не се во можност да ја скротат короната.