Путин: Русија излегува од пандемијата со минимални загуби

од Vladimir Zorba
326 прегледи

Русија излегува од пандемијата од коронавирус самоуверено и со минимални загуби, рече рускиот претседател Владимир Путин.

„Со сите трошоци, проблеми и загуби, но сепак доста ритмично, работиме и излегуваме од оваа ситуација со коронавирусот со минимални загуби“, рече Путин во интервју за телевизија „Русија 1“.

„Дај боже да продолжи да биде така“, додаде рускиот претседател.

На 11 март, Светската здравствена организација ја објави епидемијата на новиот коронавирус, Ковид 19, за пандемија. Според најновите податоци, во светот се регистрирани повеќе од 7,89 милиони заразени, а починале повеќе од 432 илјади луѓе.

Досега во Русија се регистрирани 528.964 случаи на заразени со коронавирус, од кои 6.948 лица починале.