288
Шпанија ќе ги отвори своите граници за европските земји-членки Шенген на 21 јуни, освен со Португалија, со која ќе ги отвори своите граници на 1 јули, како што беше претходно најавено, јавуваат шпанските медиуми.
Шпанската влада претходно објави дека ќе дозволи влез во Шпанија на 1 јули без обврска за самоизолација, пренесува Ројтерс.
Ова нема да важи за Балеарските острови, кои ќе ги примат првите туристи утре како дел од пробната програма да се вратат во нормала по епидемијата на коронавирусот.