
Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, изјави денеска дека повисоките температури во текот на летото веројатно нема да го забават преносот на новиот коронавирус, со оглед дека бројот на заразени лица е голем дури и на Блискиот исток.
„Не можеме да се опуштиме само затоа што е лето бидејќи инфекцијата се шири на Блискиот исток каде температурите се високи“, рече Абе, побивајќи ја идејата дека потоплите услови би можеле да играат улога во намалувањето на заразата, пренесе јапонската агенција „Кјодо“.
Температурите на Блискиот исток надминаа 35 степени Целзиусови во градовите како Техеран и Ријад, престолнини на Иран и Саудиска Арабија, каде што, според Светската здравствена организација, денес се потврдени вкупно околу 185.000 и 123.000 случаи.
Во Катар, каде највисоката температура била околу 40 степени во последните две недели, во просек се заразуваат околу 1.500 луѓе дневно, што е повеќе отколку во април кога беше постудено.
Абе потврди дека владата се обидува да ги прошири медицинските стратегии и тестирањата пред потенцијалниот втор бран на епидемијата.
Тој исто така рече дека изготвувањето на апликација за паметни телефони што ќе ги информира корисниците за потенцијален контакт со некој на кој му е дијагностицирана вирусот, е во завршна фаза и треба да започне со работа оваа недела.