Ќе има ли забави по 22 часот во кафулињата и рестораните?

од Берта Китинска

Денеска ќе се знае дали кафулињата и рестораните ќе добијат нов протокол за работа како што најави министерот за економија Бектеши.

Кафулиња

Тие бараат  да може да работата и по 22 часот со оглед на тоа што веќе нема полициски час, воедно  бараат да можат да примаат гости и во ватрешниот дел од објектите.

-За угостителските објекти кои организираат свадби ќе ја чекаме сугестијата од Комисијата. Убеден сум дека не до крајот на оваа година туку многу порано би можеле и тие да работат, рече Бектеши.

Во однос на економската поддршка на рестораните, Владата донесе Уредбата за примена на Законот за комунални такси за време на вонредната состојба, со што овозможува економска поддршка на угостителските објекти кои претрпеле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Според Уредбата се изменува пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории, а наместо неа да се плаќа од 5 до 15 денари за м2 дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари за м2 дневно за периодот на времетраење на вонредната состојба.

Протоколот пак  за  работа на хотелите е готов и  ќе биде доставен од денеска.

Слични содржини