Се самоуби позната докторка во Србија: Дали нејзината последна порака всушност била повик за помош? (фото)

од Nikola Popovski
358 прегледи

Белградската докторка и пластичен хирург, Виолета Скоробаќ Ашанин е пронајдена вчера со рани од нож во луксузен стан на Врачар, а според претходните наводи, лекарката извршила самоубиство.

Нејзиниот последен пост на Фејсбук ја прави нејзината одлука да посегне по својот живот уште почудна и неверојатна.

„Треба да запомниме дека не сме единствените што се нашле во навидум несовладлива неволја. Исто како што змејот се спротивставува на ветровите, така и незгодноста може да нè зајакне. И како што илјадници луѓе пред нас ја исполнија истата судбина и преживеаја, така можеме и и ние. Д-р Р. Браш – и тоа ќе помине “, напишала таа на својот Фејсбук профил.

Објавата е напишана додека траеше вонредната состојба, како резултат на епидемијата на коронавирус во Србија, на 8 април.

Еден месец подоцна, таа објавила фотографија и кратка порака.

„Нека се отворат кафеаните за нас! На здравје!“, напишала таа покрај фотографијата на која позира со маска под брадата, насмеана и со чаша во раката.

Телото на лекарката го пронашле нејзиниот сопруг и син. Кога виделе дека престојувала премногу долго во бањата и не одговорила, тие ја срушиле вратата од бањата и нашле невидена сцена. Брзата помош се обидела да ја реанимира 50-годишната жена околу 45 минути, но без успех.

Нож со сечило над 20 сантиметри е пронајден до телото. Две убодни рани биле видливи на градите на жената, во висина на срцето. Полицијата спроведе истрага на лице место, а телото е однесено за обдукција.