
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон ќе го прекрши законот ако ја објави својата книга.
Трамп исто така рече, обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа, дека сите разговори со него биле класифицирани како тајни.
Јавниот обвинител Вилијам Бар, зборувајќи на истиот настан, рече дека Болтон не го завршил потребниот процес за објавување на книгата и дека Министерството за правда се обидува да го убеди дека треба да ги избрише класифицираните информации.
Книгата на Болтон, „The Room Where It Happened: A White House Memoir“, треба да биде објавена на 23 јуни.
Издавачот во изјава во петокот рече дека книгата дава „инсајдерски“ поглед на процесот на одлучување на Трамп.
Книгата зборува за тоа како Трамп се справил со Кина, Украина, Северна Кореја, Русија, Иран и неговите односи со Велика Британија, Франција и Германија, вели издавачот.
„Ова е книга што Доналд Трамп не сака да ја прочитате“, додаде тој.
Трамп го отпушти Болтон во септември поради несогласувањата околу голем број надворешно-политички прашања.