227
Основното јавно обвинителство Скопје до судот денеска достави предлози за издавање казни од по 2 000 евра против 29 лица кои го прекршиле полицискиот час.
– Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации, стои во соопштението од ОЈО.
Обвинителството за сите обвинети лица предложи парични казни од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.
Лицата се обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.