Дали американска серија од 2003 година го предвидела Ковид-19: Се третира со хлорокин, се запира со карантин и носење маски (видео)

од Nikola Popovski
174 прегледи

Новиот вирус, кој потекнува од Кина и предизвикува сериозни респираторни проблеми, се лекува со хлорокин, се сопира со карантин и сите носат маски. Тоа е сценариото на 14-та епизода од втората сезона на американската серија „Dead zone“ од 2003 година, што потсетува на пандемијата на коронавирусот.

Поради големата сличност со сегашната пандемија на коронавирус, серијата од пред 17 години повторно кружи на Интернет, пишува „Франс 24“.

Актерите во серијата зборуваат за вирус кој наликува на короната, а со цел да се избегне ширењето на инфекцијата, пациентите остануваат во долгорочен карантин.

Неверојатната сличност со пандемијата на вирусот САРС-Ков-2, но и фактот што авторите го претпоставиле редоследот на денешните настани, за многумина е мистерија без објаснување.

Водечкиот актер Ентони Мајкл Хол има визии во серијалот кои ја предвидуваат иднината. Ги гледа децата во училиштето кои се заразени, па затоа го моли градоначалникот да го стави училиштетот во карантин.

Еден локален службеник за здравство се обидува да открие од каде може да настане вирусот и се шпекулира дека го донеле луѓе што пристигнале од Кина. Тој исто така вели дека ќе бидат потребни месеци да се најде лек или да се открие потеклото на вирусот.

Покрај тоа што училиштето е во карантин во серијалот, се зборува и за носење маски.

Сценаристката Џил Елен Блотевогел вели дека таа епизода ја напишала по многу истражувања.

Меѓу другото, дознала дека лицето кое е заразено со маларија и коронавирус се опоравило кога користела хлорокин, кој претставува лек против болеста маларија.

За време на снимањето на серијата, имало веќе еден коронавирус, познат како САРС, во кој загинаа 747 луѓе, претежно во Азија.

Таа изјавила дека сценариото се засновало на вистински случаи на инфекција што се случувале во тоа време. Сепак, поради текот на времето, таа не можела точно да се сети на специфичните случаи.