Јавното градско претпријатие – Скопје, ЈСП почна со обележување на седиштата со налепници со кои јасно ќе биде истакнато на кои седишта не смее да се седи.
-Во постапка сме за обележување на седиштата со налепници со кои јасно ќе биде истакнато на кои седишта не смее да се седи како би се избегнал човечки фактор кој би го регулирал бројот на патници, а би се испочитувал проколот/уредбата за бројот на патници во возилата, со тоа и протоколот за растојание, одржување на социјална дистанца, велат од ЈСП.
Покрај налепниците на седиштата, се ставаат и налепници на подот, со кои е обележено место за стоење.
-Бројот на патници во возилата го контролираат службени лица кои истовремено контролираат дали патниците носат соодветна заштитна опрема.Ангажираните лица не дозволуваат влез на патници без маска, но немаат ингеренции да ги казнуваат несовесните граѓани.За жал, сѐ уште има патници кои одбиваат да користат јавен превоз без маска, и покрај апелите, препораките и одлуките на надлежните институции во ситуацијата со Ковид 19, објаснуваат од ЈСП.
Од јавното претпријатие најавуваат дека во текот на утрешниот ден нивните контролори и полицајците од СВР Скопје ќе вршат контроли во автобусите за да се провери колку патниците ги почитуваат протоколите.
-Утре, ЈСП Скопје ќе спроведе заедничка акција со екипи на СВР Скопје во возилата на јавниот превоз, со цел да се изврши контрола дали патниците носат маска. Во зависност од совеста на корисниците на јавниот превоз, по потреба, вакви акции ќе се реализираат и во наредниот период.Истовремено, акцијата ќе има и едукативен карактер, на патниците ќе им се деалт маски со потсетување за препораките за начинот на користење на јавниот превоз, велат од ЈСП.
Б.М