Градот затворен поради нов бран, но 200.000 луѓе поминале низ пазарот

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Неколку населби беа затворени, а 30.000 ресторани беа дезинфицирани во Пекинг откако коронавирусот повторно започна да се шири, јавува Си-Ен-Ен.

Воведени се строги мерки, откако повеќе од 100 луѓе веќе се заразени.

Здравствената комисија во Пекинг во вторникот објави 27 нови случаи на Ковид 19, вкупно 106, пет дена откако на пазар за храна избувна инфекција.

Пазарот во југозападниот дел на Пекинг, област Фенгтаи, наречен Ксинфанди, зафаќа 277 хектари и има над 2.000 тезги кои продаваат претежно овошје и зеленчук, но и месо и морска храна.

Според официјалните податоци, околу 70 проценти од градскиот зеленчук и 10 проценти од свинското месо се испорачуваат од тој пазар.

Пазарот го посетиле 200.000 луѓе

Пазарот е затворен уште од саботата, но неговата големина и бројот на луѓе кои го посетиле или работеле таму го зголемуваат ризикот од ширење на епидемијата.

Властите пронајдоа скоро 200.000 луѓе кои изминативе две недели биле на пазарот преку посети од врата до врата и повици.

Ним им било речено да останат дома на медицинско набудување и да бидат тестирани за коронавирус, изјави градски службеник на прес-конференција во понеделникот.

Два пазари со храна во Пекинг беа затворени поради случаи поврзани со спорната провинција, што доведе до затворање и забрана за движење во станбени згради лоцирани во близина.

Во вторникот, областа Ксичегн објави дека седум станбени заедници околу пазарот ќе бидат затворени поради откривањето на коронавирусот во недела.

Слична забрана за движење и затворање следи и други населени места околу пазарот.

Ќе бидат затворени вкупно 29 станбени единици низ градот.

Мерки слични на оние во Вухан

Мерките за заклучување на станбени блокови се слични на оние претходно воведени во Вухан, првичниот епицентар на епидемијата.

Станари на зградата во близина на Ванг Ду пазарот за Си-Ен-Ен изјави дека станарите не можат да ги напуштат зградите за да одат по намирници, но нарачуваат преку Интернет или директно од камион што доаѓа еднаш дневно со свеж зеленчук и јајца.

Таа рече дека сите станари од нејзината зграда биле тестирани вчера за коронавирус.

„Искрено, јас не сум премногу загрижена. Имаме многу искуство со заштитни мерки и можеме брзо да реагираме на нова инфекција“, рече таа.

Според неа, од вторникот наутро се дезинфицирани околу 276 маркети со земјоделски производи и 33.173 ресторани низ градот.

Вирусот се шири преку границите на Пекинг

Епидемијата се шири и над Пекинг, а блиските провинции Лиаонинг и Хубеи објавија вкупно осум случаи на коронавирус поврзан со пазарот.

Во вторникот, покраината Сехун на југозападниот дел на земјата, исто така, пријави случајот на жена која се вратила од Пекинг на 9 јуни.

Таа се заразила за време на посетата на нејзиниот сопруг, кој работи на пазарот во Ксинфада.

За разлика од Вухан, Пекинг целосно го забрани патувањето.

Сообраќајот меѓу Пекинг и соседните провинции е стопиран, според списанието „Пекинг Дејли“.

Општинските власти, исто така, забранија групи со висок ризик, како што се блиски контакти со потврдени случаи, да го напуштат градот, соопштија властите.

Шангај во вторникот објави дека патниците од области со среден до висок ризик за коронавирус ќе треба да бидат ставени во карантин за 14 дена.