
Бројот на загинати од коронавирус во Франција се зголеми денес за 138 на вкупно 29.547, соопшти француското Министерство за здравство.
Тие наведуваат дека во оваа бројка се вклучени и неделни податоци за смртни случаи во домовите на старите луѓе.
Бројот на смртни случаи во болниците се зголемил за 38, на 19.090, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден, кога бројот на загинати бил 29 и просекот од 25 смртни случаи во изминатите седум дена, објави Ројтерс.
Француското Министерство за здравство изјави дека 73 лица починале во старечки домови во изминатите седум дена, што е повеќе од двојно во однос на претходната недела, кога бројот беше 34.
Бројот на заразени со коронавирусот се зголеми за 344 на вкупно 157.716, соопшти Министерството.
Што се однесува до вкупниот број пациенти во болниците, тој е намален на 10.535 во однос на вчерашниот ден кога изнесувал 10.752, додека бројот на пациенти во единиците за интензивна нега е намален на 820 од вчерашниот 846.