Визијата, храброста и државничките политики на Зоран Заев донесоа историски, генерациски успех за државата и сите нејзини граѓани со потпишувањето на Договорот од Преспа.Се реши децениски спор кој ја влечеше нашата земја надолу, од заробена држава станавме светол пример и после 11 години заглавени во калта, нашата татковина тргна напред, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека во март годинава , во услови на светска пандемија, Република Северна Македонија стана 30 земја членка на НАТО.
-Членството на Република Северна Македонија во НАТО е најсилната гаранција за територијалниот суверенитет, гаранција за безбедноста и стабилноста на земјата.Она што е исто така важно, станавме челнка на НАТО со сочуван и потврден македонски идентитет, признаен македонски јазик, впишан во нашата лична карта во ООН.Македонското знаме се вее гордо заедно со знамињата на најсилните демократски држави во светот.НАТО значи поддршка и солидарност. Денес, имаме значителна помош од НАТО земјите членки во справување со коронавирусот, државата има поголема заштита на македонското небо , што нашите сојузници тоа го демонстрираа со заедничко надлетување на авиони на Алијансата.Договорот нѐ донесе и чекор поблиску до ЕУ. Во март 2020, ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство.СДСМ е носител на одговорна власт и натаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата, велат од СДСМ.