Од петок, 19 јуни, почнуваат да функционираат сезонските линии 58 (Транспортен центар – Јаболци, Нова Брезница) и 69 (Транспортен центар – Дивље, Катлановско блаце, Кожле).
Како што соопшти ЈСП, термини за поаѓање и враќање во петок и сабота на линијата 58 се: Транспортен центар – Јаболци во 6:15 и 16:30 часот, Јаболци – Транспортен центар во 7:20 и 17:30 часот. Во недела: Транспортен центар – Јаболци 6:15 и 16:30 часот и Јаболци – Транспортен центар во 7:10 и 17:30 часот.
Линијата 69 во петок и недела: Транспортен центар – Дивље во 5:45 и 15:30 часот, Дивље – Транспортен центар во 6:50 и 16:35, Транспортен центар – Блаце и Кожле во 17:40 часот, Блаце и Кожле – Транспортен центар во 18:45 часот. В сабота термините се Транспортен центар – Дивле во 5:45 и во 15:30 часот, Дивље – Транспортен центар во 6:50 и 16:35 часот, Транспортен центар – Блаце и Кожле во 7:55 часот и Блаце и Кожле – Транспортен центар во 9 часот.