Хоти: Добив уверување дека нема подготвен договор со Белград

од Nikola Popovski
109 прегледи

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти изјави дека добил уверување од меѓународни претставници дека нема подготвен договор со Белград, но дека дијалогот треба да продолжи, бидејќи е во фаза на стагнација и без напредок.

На панел-дискусијата во Приштина на платформата за продолжување на дијалогот, Авдулах Хоти ијавил дека тој бил заинтересиран да ја преземе функцијата и ги прашал меѓународните партнери во која фаза е дијалогот, во смисла на постигнување на конечен договор со Белград.

„Тоа беше моја загриженост во комуникацијата со меѓународната заедница уште од стапувањето на должноста. Јас се заинтересирав и ги прашав во која фаза е процесот за финалниот договор. Нивниот одлучувачки одговор е дека дијалогот пропаднал. Тие рекоа дека треба да се започне со процесот на постигнување конечен договор “, рече косовскиот премиер.

Тој соопштил дека таквата ситуација му олеснува на Приштина да ги обликува и воспостави принципите врз кои може да се постигне договор.

„Како премиер, не знам дека постои нацрт-договор. Тоа ни ја олесни работата, го зацементира нашиот пристап. Одиме во Вашингтон и ги предлагаме нашите принципи за кои може да се постигне конечен договор“, рекол Хоти.