Меган и Хари прогласени за НАЈГОЛЕМИ ГУБИТНИЦИ

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Меган Маркл и принцот Хари беа прогласени за најголеми губитници на британското кралско семејство за време на пандемијата од коронавирус, тврдат експертите. Авторот Фил Дампиер, смета дека двајцата изгубиле можност да го зајакнат својот имиџ откако се преселиле.

– Мислам дека изолацијата изгледаше добро за членовите на кралското семејство, освен за Меган и Хари. Тие се покажаа како големи губитници во сето ова затоа што сега се покажаа дека се целосно неважни во нивната земја – рече Фил и додаде: „Можеби тие имаат голема улога во странство или во Америка, но мислам дека луѓето во Велика Британија ги креваат рамената, кога ги спомнуваат нивните имиња“, заклучи тој за „Експрес“.

Потсетуваме, Меган и Хари моментално живеат во изнајмена куќа сè додека не го пронајдат совршениот дом за себе и нивниот син Арчи, а мајката на Меган, Дорија Рагланд, ги поминува деновиве со нив.