Трамп го молел Си Џинпин да му помогне да победи на изборите

од Vladimir Zorba
173 прегледи

Во низата бомбастични обвинувања, поранешниот советник за национална безбедност на Доналд Трамп, Џон Болтон, денеска изјави дека Трамп го замолил кинескиот претседател Си Џинпинг да му помогне да победи на изборите на повторната средба зад затворени врати во 2019 година.

Болтон, кој беше сменет од Трамп минатиот септември по 17 месеци во Белата куќа, исто така го обвинува претседателот дека сака да ги сопре истрагите за „да направи лична услуга на диктаторите што му се допаѓаат“, според извадоците од книгата на Болтон,цитирани од Њујорк Тајмс.

Белата куќа сè уште не ги коментираше обвинувањата.

Наводите се дел од книгата чие печатење американската влада се обидува да го запре со тужба, тврдејќи дека содржи доверливи информации и ќе и наштети на националната безбедност.

Извадоци од книгата „The Room Where It Happened: A White House Memoir“ беа објавени во Вол Стрит Журнал, Њујорк Тајмс и Вашингтон пост.

Целата книга треба да биде објавена на 23 јуни.

Обвинувањата на Болтон обезбедуваат дополнителен материјал за критичарите на Трамп пред претседателските избори на 3 ноември, вклучително и белешки од затворените состаноци Трамп-Си.

„Тогаш Трамп, штое неверојатно, го сврте разговорот на тема претстојните претседателски избори во САД и алудирајќи на економската моќ на Кина го молеше Си да му помогне да победи“, напиша Болтон.

„Тој истакна дека земјоделците се важни за исходот од изборите и дека Кина треба да купи што е можно повеќе соја и пченица“, додаде тој.

Болтон исто така тврди дека Трамп рекол дека нападот врз Венецуела би бил „кул“ и дека таа земја е „всушност дел од САД“.

Владата на САД во неколку наврати јавно кажа дека нема намера да употреби сила за да го собори венецуелскиот претседател, социјалистот Николас Мадуро.