Тешка сообраќајна несреќа пред Владата на Србија во Белград: Починале две млади лица (видео)

од Nikola Popovski
400 прегледи

Тешка сообраќајна несреќа се случило утрово во центарот на Белград.

Две лица загиначе, а осум се повредени во несреќата што се случила на аголот на улиците Немања и Кнез Милош во Белград, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Според првите информации, загинал совозачот во автомобилот марка БМВ, млад човек на 20-годишна возраст и девојка стара околу 20 години, која исто така била патничка во БМВ. Се дознава дека таа им подлегнала на повредите во болницата.

Во несреќата учествувале комбе и патнички автомобил БМВ. Од Ургентниот центар во Белград за српските медиуми изјавиле дека примиле осум повредени лица и дека во тек се спроведува дијагностика.

По судирот, автомобил БМВ влегол во зградата на Владата на Србија, додека комбето била пронајдено на тротоарот пред Владата.