Италија: 333 нови случаи на Ковид-19, 66 починаа

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Бројот на жртви на епидемијата од коронавирус во Италија денес се зголеми за 66, а регистрирани се уште 333 новозаразени.

Ова го соопшти италијанската агенција за цивилна заштита.

Од почетокот на епидемијата на 21 февруари, вкупно 34.514 лица починале од коронавирусот, што ја става Италија на четвртото место по бројот на жртвите, по САД, Бразил и Велика Британија.

Досега се заразени 238.159 лица, а бројот на активни случаи е нешто помалку од 24.000, пренесува Ројтерс.

Излечени се 180.544 луѓе. Во интензивна нега има 168 лица.

Тестирани се речиси 3 милиони италијански државјани.