Болтон ми се одмаздува бидејќи го шутнав како болно куче, вели Трамп

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, деенска го критикуваше неговиот поранешен советник за национална безбедност, Џон Болтон, обвинувајќи го дека лаќе во својата книга, што предизвика силни реакции во Соединетите американски држави.

„Книгата на Болтон, која добива ужасни критики, е компилација на лаги и измислени приказни, со цел да ме натера да изгледам лошо“, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека „многу смешни изјави“ кои Болтон му ги припишува никогаш не биле направени и дека станува збор за чиста фикција.

„Тој само се обидува да ми се одмазди затоа што го шутнав како болно куче“, истакна Трамп.